Мажот застрелан денеска при обид да нападне полициска станица во Париз носел со себе мобилен телефон, лист хартија со знамето на Исламска држава и текст со преземање на одговорноста, изјави обвинителот на Париз, Франсоа Молен.
– Кај него беа пронајдени телефон и лист хартија, на кои имаше знаме на Даеш и текст, напишан на арапски, со која јасно се презема одговорност, истакна обвинителот на Париз.
Поради овој елемент истрагата за овој случај беше доверена на специјализирани магистрати од обвинителството за борба против тероризмот, додаде Молен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода