| четврток, 6 декември 2018 |

Нови закани од џихадистите за Балканот

isisБорците на Исламската држава упатија денеска нови закани кон „неверниците“ на Балканот и против „крстоносците“ на Европа во пропагадната видео-снимка насловена „Во чест на џихадот“, кое е прикажано на телевизискиот канал Ал Хајат.

Тие во видеото со гордост нагласуваат дека им е чест што се робови на Алах по потекло од балканските подрачја.

– Неверниците да се отрујат, да се убијат, нивните автомобили, куќи да се минираат…да се урне предавничката Влада на БиХ, да се создаде калифат на Балканот, да се покори христијанска Европа, а муслиманите кои во своите земји заскитале со добро или на сила да се вратат на вистинскиот пат на Алах, се некои од пораките, кои ги упатија припадниците на ИД од БиХ, Косово и Албанија.

Во видеото со компјутерски анимации се прикажани историски битки, а на англиски Балканот се опишува како подрачје на кое со векови се воделе битки и кое сега, како што наведуваат стана нов фронт, односно нов штит против „христијанска Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top