На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, којашто го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Нејзе, која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик
-
Подгответе се навреме: За Бадник и Божик треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале
-
Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот
-
Како е украсен домот на Роналдо за Божик (фото)