Рускиот модел Ирина Шајк откако се раздели со Кристијано Роналдо очигледно дека нема многу убаво мислење за него.
Во едно интервју за руските медиуми, таа го „удри“ Португалецот каде што најмногу го боли. Таа потенцираше дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот.
„Јас не знам многу за фудбалот. Но, знам дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер“, одговори Ирина Шајк.
Некогашната голема романса меѓу Кристијано Роналдо и Ирина Шаек сега има нова димензија, а очигледно дека одмаздата најмногу боли кога се сервира – ладна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.