| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат заедно, балканските земји ќе го предложат Иван Чурковиќ за претседател на УЕФА

ivan curkovic

Легендарниот југословенски голман Иван Чурковиќ би требало да биде заеднички кандидат на балканските земји за нов претседател на УЕФА, пренесува хрватскиот „Спортске новости“.
Во балканската група за поддршка на актуелниот потпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија и в.д претседател на Партизан е и Македонија. Чурковиќ ќе биде предложен за оваа функција која остана празна по суспензијата на Мишел Платини.
Наскоро треба да биде одржан состанок и на 11 земји од овие простори во Белград, на кој и официјално Чурковиќ ќе биде промовиран во кандидат за прв човек на УЕФА.
Во групата која ќе го предложи Чурковиќ за нов претседател на УЕФА се Хрватска, Србија, Македонија, Словенија, БиХ, Црна Гора. Романија, Бугарија, Грција, Албанија и Кипар, а поддршка потоа ќе добие и од Франција, Русија и нивните сателити како Белорусија, Молдавија, и дел од скандинавските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top