Словенечкиот ски-скокач Петер Превц е победник на новогодишната турнеја во скијачки скокови „четири скокалници“. Тој на последното натпреварување во Бишофсхофен го освои првото место и со вкупно три победи од четирите натпреварувања убедливо го освои првото место во генералниот пласман.
64.издание на турнејата „четири скокалници“ помина во доминација на Словенецот кој не остави ништо на случајноста и со денешните скокови од 139 и 142,5 метри што е за само половина метар пократко од рекордот на скокалницата, беше супериорен над конкурентите. Со тоа потврди дека во моментов е доминантен ски-скокач во Светскиот куп, иако до крајот на сезоната ќе води голема битка со актуелниот шампион, Северин Фројнд.
На третата позиција во генералниот пласман на турнејата „Четири скокалници“ се пласираше Австриецот Михаел Хојбек. Со тоа Петер Превц стана само вториот Словенец на кого му успеало да стигне до победата на оваа новогодишна турнеја, по Примож Петерка пред 19 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.