Во рамките на циклусот дански филмови, во Кинотека на Македонија вечерва во 20 часот ќе се прикажува филмот „Суперкласико“.
Станува збор за игран филм, снимен во 2011 година, кој трае 99 минути. Режијата е на Оле Кристијан Мадсен (Ole Christian Madsen),
Сценарио: Андерс Фројхоф Аугуст, Оле Кристијан Мадсен, а улогите ги толкуваат: Андерс Бертелсен, Џејми Мортон, Паприка Стин, Себастијан Естеванез.
Кристијан е трговец со вино, кој е на работ на банкрот. Ништо не му оди од рака речиси на сите полиња во животот. Пред повеќе од две години сопругата Ана го напуштила и сега работи како спортски менаџер во Буенос Аирес и живее со фудбалерот Хуан Диаз. Еден ден Кристијан, заедно со неговиот 16-годишен син Оскар, ќе се појави во Аргентина, наводно за да побара од Ана да ги потпише документите за развод. Всушност, тој се надева дека повторно ќе го освои нејзиното срце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


