Кон крајот на декември обожавателите беа шокирани од веста дека Џенет Џексон ќе мора да ја откаже светската турнеја поради здравствени проблеми кој не беа обелоденети.
Меѓутоа, неименуван извор тврди дека причината е тоа што докторите откриле израсток на гласните жици кај 49 годишната пејачка.
Ако се потврдат овие шпекулации тоа ќе биде голем удар врз нејзината кариера.
-Сите се молиме да не е во прашање рак на гласните жици. Тоа би значело крај за нејзината кариера и би значело крај за нејзините настапи – кажал доктор Стјуарт Фишер за Радар Онлајн, кој повеќе не ја лекува ѕвездата.
-Операцијата би била мошне тешка и по тоа би требало да има многу зрачења – тврди Фишер.
-Од докторите дознав дека наскоро ќе морам да одам на операција. Срцето ми се кине што морам да ве известам дека сум принудена да ја откажам турнејата. Молете се за мене и моето семејство во овие тешки мигови. Тоа е се што имама да ви кажам – пишуваше во првото соопштение по откажувањето на турнејата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.