| четврток, 6 декември 2018 |

Обилни снежни врнежи ја парализираа Турција

Обилни снежни врнежи предизвикаа прекин на наставата во повеќе од една третина училишта ширум турските покраини, соопштија локални претставници.

ss-630x289

Властите во 37 покраини, вклучувајќи ја и Анкара, Кајсери, Дијарбекир, Риза и Мерсин, изјавија дека наставата ќе биде прекината на неколку дена поради лошите временски услови.

Од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е наведено дека поради временските услови летовите од провинцијата Санлиурфа и Сивас се откажани.

Седум лица вчера загинаа во сообраќајна несреќа кога автобус поради обилните снежни врнежи ја изгуби контролата и слета од автопатот.

Патната комуникација со многу оддалечени села во целост е прекината, додека движењето по регионалните сообраќајници, кои ги поврзуваат големите градови во западна и во северна Турција, е многу отежнато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top