| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се седумте датуми за венчавки што ќе бидат хит во 2016 година

вен

Ако се свршивте за време на празниците, честитки! Сигурно сте возбудени и веќе по малку нервозни, барајќи го совршениот датум за оваа година.

Според сајтот за венчавки „Лавр“, кој секоја година ја објавува оваа листа, точно седум датуми ќе бидат посебно актуелни во 2016 година.

Понеделник, 29 февруари

Затоа што 2016 година е престапна година, тоа значи дека овој датум е реткост што се случува на четири години. Младоженците што сакаат да бидат уникатни, буквално, ќе се тепаат за овој датум.

Сабота, 9-ти април

За математичарите и оние кои веруваат во нумерологија, 4, 9 и 16 се квадратни броеви за кои се верува дека се идеални за „врзување јазли.“

Петок, 13 мај

Оваа година ќе има само еден петок 13 и токму затоа дел од младоженците што сакаат да се противат на правилата и суеверијата, ќе го одберат овој датум.


Сабота, 28 мај

Совршен пролетно-летен датум пред големите жештини.

Сабота, 3 септември

Уште еден преоден датум на кој сè уште се чувствува летото, но без претерано потење.

6 октомври или 6 ноември

Кога ќе ги напишете со бројки 6/10/16 и 6/11/16 – се ви станува појасно.

Сабота, 31 декември

Новогодишната вечер оваа година се паѓа во сабота, а тоа значи идеален ден за две прослави во едно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top