| четврток, 6 декември 2018 |

Воздухот во канцеларија може лошо да влијае на здравјето

Концентрацијата на јаглерод диоксид во затворените простории секојдневно може да биде многу високи за да бидат штетни за нашето здравје, покажало едно истражување во САД.
Докажано е дека високото количество јаглерод диоксид е опасно, за луѓето и за планетата, но новото истражување отвора прашања за присуството на јаглерод диоксид на местата кои порано се сметаа за безбедни.
Истражувачите работеле со волонтери, на кои им ги тестирале когнитивните функции и присуството на јаглерод диоксид во канцелариите во кои работат.

Оние кои работеле со повисоко количество јаглерод диоксид имале послаби резултати од останатите.

Истражувањето покажало дека присуство на јаглерод диоксид може да биде од вентилацијата, бројот на прозорци, бројот на луѓе во просторијата или количеството јаглерод диоксид во соседството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top