Бразилецот Даглас Коста кој летниот преоден рок ги засили редовите на баварскиот гигант Баерн Минхен е прогласен за најдобар фудбалер во есенскиот дел од сезоната.
За него гласале 30,3% од вкупно 244 фудбалери во германското првенство, а зад Бразилецот останаа Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд (23%) и Томас Милер од Баерн (14,8%). Интересно е тоа што во најтесниот избор го нема Роберт Левандовски кој е втор стрелец во лигата со 15 гола, а во есенскиот дел од сезоната собори неколку рекорди и му донесе важни бодови на Баерн. Даглас Коста дојде во германскиот првак пред почетокот на сезоната, а досега постигна два гола и оствари дури 12 асистенции.
Освен Коста, признание доби и Мануел Нојер кој е прогласен за најдобар голман во Бундеслигата во есенскиот дел од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.