| четврток, 6 декември 2018 |

Која фризура ви прилега годинава според знакот?

frizura

Овен

Девојките родени во знакот на овен водат активен живот – многу вежбаат, а од тренинг трчаат на часовите по јазик. Важно им е да се истакнат, но потребна им е фризура што лесно се одржува, а воедно изгледа модерно.

Бик

Во текот на годината, девојките родени во знакот на Бик често ќе ја менуваат бојата на коса, но и фризурата. Боб со разбушавени краеви е идеален избор за нив, а кога станува збор за бојата, во предвид доаѓаат сите нијанси на црвена.

Близнаци

Иако девојките родени во знакот на Близнаци не тежнеат кон женственост, оваа година ситуацијата значително ќе се смени. Долгата боб-фризура во бранови е вистинскиот избор за нив, а одлично ќе им прилегаат и тенките посветли прамени.

Рак

Девојките родени во знакот на Рак годинава ќе поминат низ андроген-фаза. Често ќе експериментираат, не само со косата, туку и со фризурата – популарниот „пикси“ совршено ќе им прилега, а може да изгледа исклучително женствено доколку косата е навистина кратка.

Лав

Иако многу Лавици, поради својот хороскопски знак, сакаат да имаат густа коса, годинава  ќе се одлучат за пократка фризура. Тие главно ќе сакаат класични фризури, како на пример рамно стрижени шишки.

Девица

Девојките родени во знакот на Девица нема многу да се грижат за мислењето на другите и ќе го доживеат своето преродување. Ќе се борат за својата слобода, независнот и ќе бидат особено отворени. Затоа, многмина од нив веројатно ќе ја потстрижат досега долгата коса.

Терезија

Девојките родени во знакот на Терезија ќе бидат помалку мрзеливи. Иако сакаат да се средени и дотерани, годинава тоа едноставно нема да им биде толку важно и ќе посакаат фризура што ќе им овозможи да се чувствуваат убаво без многу труд.

Скорпија

Скорпиите се секогаш мистериозни, а шишките ќе им бидат неопходен штит годинава. Исто така, ќе се одлучат за модерна и тренди-фризура, а краевите со посветла нијанса ќе допринесат за бунтовнички изглед.

Стрелец

Боб-фризура е совршен избор за девојките родени во знакот на Стрелец. Иако тежат кон авантуризам, годинава ќе бидат насочени кон професионален развој и оставање впечаток на сериозност. Ваква фризура може да се носи во опуштен стил, но и рамно стилизирана.

Јарец

Девојките родени во знакот на Јарец ги очекува година полна со авантури и им се смешкаат многубројни патувања. Ќе сакаат фризура што нема да бара многу време, фенирање и пеглање, а кадрици се совршеното решение.

Водолија

Девојките во знакот на Водолија оваа година ќе почувствуваат нагласен сексапил и заводливост. Ваквата фризура е еднакво вамп и оригинална, што за Водолиите е важно, бидејќи никако не сакаат да бидат како другите. Долгиот боб, таканаречен лоб, ќе им овозможи да постигнат ваков имиџ.

Риби

За девојките родени во знакот на Риби оваа година е резервирана за рамнотежа и симетрија. Нив ќе им биде неопходна фризура со изразена структура, која истовремено е женствена. Популарното омбре ќе им го овозможи и едниот и другиот ефект и ќе ги направи потполно единствени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top