| четврток, 6 декември 2018 |

Пасошка контрола на данско-шведската граница

швед

Од денеска се воведени проверки на идентитетот на лицата што патуваат за Шведска, како дел од мерките за намалување на миграцискиот бран.

Патниците треба да покажат пасош или друг валиден личен документ, за да им биде дозволено да се качат во возовите, фериботите и автобусите за Шведска. Такви проверки меѓу двете држави немало од 50-­тите години од минатиот век.

Шведската телевизија јави дека во првите седум часа од стапувањето во сила на мерката на данската станица Каструп биле запрени седум патници, меѓу кои четворица Авганистанци без лични карти. Тие биле вратени во централната станица во Копенхаген. Шведската министерка за инфраструктура, Ана Јохансон, изјави дека знае за доцнењето на луѓето кои живеат од едната страна на границата, а работаат на другата страна, но дека мерките се неопходни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top