Дури 12 Полјаци во последните 24 часа не ги преживеаја студовите, а вкупно 24 лица починаа од студ од почетокот на годината, соопштија од Центарот за безбедност на Владата на Полска.
Националниот Институт за метеорологија и водостопанство и денеска издаде исто предупредување, дека се очекуваат големи студови, околу минус 20 стешени, опасни по животот на бездомниците.
Ширум Полска се отворени центри за сите на кои им е потребно топло место за згрижување од студот.
Освен од жртвите од студот, расте и бројот на случаи затруени од јаглероден моноксид, кој се испушта од неисправните печки и лошо проветрените простории. Само овој викенд од труење починале шестмина луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.