Словенечкиот ски – скокач Петер Превц е победник на натпреварувањето во Инсбрук, третата станица од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Тој убедливо славеше, со скокови од 125 метри и 132 метри, освојувајќи 11,1 бодови повеќе од најголемиот конкурент Северин Фројнд. Превц претходно победи и на натпреварувањето во Гармиш – Партенкирхен.
Превц стигна до 11.триумф во својата кариера, а во пресрет на последната ски-скокалница од турнејата, на 6.јануари во Бишофсхофен, има повеќе од 20 бода предност во однос на конкурентите, и се наоѓа на прагот на освојување на „Четирите скокалници“ оваа сезона.
На третата позиција во Инсбрук се пласираше Норвежанецот Кенет Гангнеш, а зад него беше сонародникот Андре Јохан Форфанг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.