По победата над Леванте од 1:0 остварена синоќа пред своите навивачи, фудбалерите на Атлетико Мадрид се искачија на првата позиција во Примера.
Јунак во победата на „јорганџиите“ беше резервниот играч Томас Теје Парти кој го постигна победничкиот гол на десетина минути пред крајот.
На другите два саботни натпревара од 18.коло:
Еспањол – Барселона 0:0 и
Малага – Селта 2:0.
Двојките за шесте денешни дуели се:
Рајо Ваљекано – Сосиедад,
Бетис – Еибар,
Гранада – Севиља,
Ла Коруња – Виљареал,
Атлетик Билбао – Лас Палмас и
Валенсија – Реал Мадрид.
Колот утревечер ќе го заокружат Спортинг Хихон и Хетафе.
Табела: Атлетико Мадрид 41 бод, Барселона 39, Реал Мадрид 36, Виљареал 33, Селта 31, Ла Коруња 27, Атлетик Билбао 27.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.