| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемени субвенции за развој на туризмот

­ Повеќе туристи и развој на туристичкиот сектор треба да овозможат зголемените субвенции за развиените земји што државата ги дава за привлекување странски туристи.

turisti-vo-ohrid_2014722152059

 

Со мерката, што стапи во сила на 1 ­ви овој месец, за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија субвенциите се зголемуваат од 25 на 65 евра по лице. За туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија, пак, зголемувањето е од 25 на 35 евра, а подоцна ќе достигнат до 45 евра поединечно.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека е изработен Правилникот врз основа на кој ќе се врши распределбата на субвенциите и оти туристичките агенции можат да пристапат кон склучување договори со евентуални партнери од државите за кои важи зголемувањето на субвенциите.

Согласно анализите на Владата, со растот на субвенциите ќе се создадат сериозни услови да се обезбедат што повеќе туристи од овие земји, што би имало позитивно влијание во трендот на постојан раст на туристичкиот сектор. Имајќи предвид дека странските туристи придонесуваат за зголем девизен прилив сметаат дека овој потег би бил добар како за домашните туристички агенции со зголемување на нивниот профит, така и за општиот економски раст на Македонија.

Според статистичките податоци, бројот на странски туристи во последните осум години е зголемен за 100 проценти. Последните статистички податоци покажуваат дека најголем број од туристите од странство го посетуваат Скопје, по што следуваат туристичките места на природните и вештачки езера, планинските места, бањите….

Во октомври годинава во Македонија најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија, а најпосетено место било Скопје. Од Турција имало 5.938 туристи, од Гриција 4.824, а Србија 3.199. Во главниот град во октомври имало 21.477 туристи, со 42.851 ноќевање.

Вкупно во октомври бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто, а на ноќевањата за 3,5 отсто. Во периодот јануари­октомври 2015 година, споредено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување за 14 отсто. Во периодот јануари­октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските за 12,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top