Актуелниот шампион на Шпанија, екипата на Барселона се „лизна“ во градското дерби против Еспањол и пропушти шанса да се одлепи на табелата пред најголемите конкуренти за титулата, мадриските гиганти Атлетико и Реал. Меси и другарите попладнево на гостински терен кај Еспањол одиграа само 0-0 иако доминираа во текот на целиот натпревар. Меси од слободен удар ја погоди само гредата во првото полувреме, додека најубавата шанса во вториот дел не ја искористи Суарез, кој се ослободи и од домашниот голман, но потоа биеше само во дирекот.
Барселона со овој триумф сега има 39 бода, еден повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и три повеќе од Реал Мадрид. Клубовите од главниот град допрва ќе ги играат своите мечеви од ова коло, но мора да се истакне дека и каталонскиот гигант има натпревар помалку, од викендот кога настапуваше на клупскиот мундијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.