| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинската Селма од песната на„Бијело дугме“ ја раскажа приказната за песната која е евергрин во екс Ју (фото)

По 38 години од настанокот на познатиот хит на „Бијело дугме“, пејачот Жељко Бебек се сретнал со 83 – годишната Селма на која и се посветени славните стихови. Средбата се случила во емисија на ХРТ, а Бебек кој со „Бијело дугме“ ја снимил песната во 1974 година , кажал дека ова за него  била премногу емотивна средба.

zeljko-bebek-selma-foto-dragan-kadic-1446675607-777873

Приказната за настанокот на песната е интересна, особено што станува збор за љубов која датира уште од завршувањето на Втората светска војна. Поетот и хумористот Владо Дијак таа година бил вљубен во Селма Бориќ, која одела во Втората женска гимназија во Сараево, а бидејќи родителите и живееле во Зеница, често патувала дома со воз. Во една прилика тој и се понудил да и ги донесе куферот до железничката станица, но ниту тогаш не собрал храброст да и ја изјави неговата љубов, па затоа, додека ја испраќал на перонот додека таа му мавтала од купето, ја кажал реченицата која подоцна ја преточил во хит баладата „Патувај Селма и не се наведнувај низ прозорец“ (Путуј Селма и не нагињи се кроз прозор). Селма за песната дознала дури во 1962 година кога нејзиниот татко и испратил весник каде бил објавен напис за овој хит.

563b2fc6d1d2b1.46451325_zeljko-bebek-selma-boric

По овој повод режисерот Срѓан Шаренац снимил документарец за Селма Бориќ во кој таа, две децении по смртта на поетот, тргнува со ист воз со кој пред половина век заминала на факултет во Загреб, само што овој пат заминала да го посети гробот на Влада Дијак. Во филмот можат да се слушнат и сведоштвата на Горан Бреговиќ, Жељко Бебек, Вук Крањевиќ, па и нејзиниот поранешен сопруг Јосип.

zeljko-bebek-nakon-38-godina-ponovo-pjeva-selmi-da-se-ne-naginje-kroz-prozor

Бориќева песната „Селма“ прв пат ја слушнала во Загреб во 1975 година на концертот на „Бијело дугме“ , а кога програмата на концерот била завршена, таа отишла  зад бината и им  кажала на Бреговиќ и неговите колеги дека токму таа е таа Селма за која пеат , но членовите на бенодт  првично се сомневале во изјавата на Селма. Во филмот Селма признава дека и таа тагувала по Владо, особено кога ги напуштил студиите во Загреб поради тоа што му снемало пари. Во меѓувреме, Бориќева и самата почнала да пишува стихови, а пред две години објавила збирка поезија „Селма патува на факултет“ во која се наоѓа и песната „Сеќавање на Владо“.

REG-Selma-Boric-sa-Bebekom

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top