| четврток, 6 декември 2018 |

Селма од хитот на „Бјело дугме“ постои, има 89 години и живее во Загреб: Емотивна средба на Жељко Бебек и Селма (видео)

Еден од најголемите хитови на „Бјело дугме“ пее за Селма Бориќ, госпоѓа која навистина постои и денес живее во Загреб. Има 89 години и како што има кажано во едно интервју е осамена бидејќи сите кои и значеле си заминале од овој свет.

Селма деновиве во својот дом ја посети Жељко Бебек, кој постави нива заедничка фотографија на Инстаграм.

-Во посета на мојата драга Селма, напиша Бебек и повторно предизвика бура од емоции на социјалните мрежи.

Ова не е прва средба на Бебек и Селма, тие се сретнаа и во 2012 година, 38 години по создавањето на познатата песна. Тогаш Селма заплака која го слушна своето име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top