Во изминатите две години приказната за Русија и Владимир Путин беше приказна со две лица, наведува Би-Би-Си во опширно предвидување од сето тоа што може да се очекува од шефот на Кремељ во 2016 година.
Неговите приврзаници го пофалија Путин како вешт стратег. Тврдат дека интервенциите во Украјна и Сирија ги фатија западните сили неспремни и покажаа дека рускиот претседател е меѓународен играч на кого треба да се посвети внимание.
Тој повеќе од 15 години е на власт, а според уставот на Русија може да остане на функција до 2024.
Краткорочна одмазда
Иако, не се сите уверени дека Путин е мајстор за стратегии, други го гледаат како добар тактичар. Неговите промени во политиката можат да го изненадат светот, кажуваат критичарите, но тие се резултат на краткорочни размислувања, а не на долгорочни планирања.
Некој од гестовите се излив на одмазнички бес.
Загрозена доминација
Спротивно од очекувањата на Кремељ, Западот не се поколеба околу санкциите против Русија. Украјна, балтичките и другите држави кои порано беа дел од руската интересна сфера, сега ја гледаат како непријател.
Црна Гора, некогашното засолниште на руското влијание на Балканот, сега сака да пристапи кон НАТО. Откако го урна рускиот авион, Турција од важен партнер стана смртен непријател. Дури и Кина, која навидум е значајна сојузничка алтернатива, ја загрозува руската доминација во Централна Азија низ својот проект “Патот на свилата“.
И наместо Русите да направат побезбедна, воздушна кампања во Сирија, ја направи поголема мета, што се докажа со уривањето на рускиот авион полн со туристи кој тргна дома од Египет, гледано како одмазда на џихадистите заради руските воздушни напади.
Што ќе донесе 2016 година?
Нови пријатели
Работите во надворешната политика горе доле ќе останат исти. Долгорочните планови на Путин нема да се сменат. Тој ќе продолжи да бара нови сојузници меѓу популистичките политичари во Европа. Полска е една од државите на која треба да и се посвети внимание.
Воведот во германските и француските избори 2017 година, ќе биде внимателно следен во Москва, осовено ако има шанси Никола Саркози да се врати во Јелисејската палата.
Путин би можел да се надева дека Донал Трамп ќе стане претседател на САД и ќе влезе во Белата куќа.
Кревката ситуација по Украина и Сирија
Не постои сомнеж дека Сергеј Лавров, министер за надворешни работи, ќе продолжи да врши притисок за да се најде политичко решение за кризата во Украина, преку процесот од Минск, и кризата во Сирија, преку она што Москва сега се нарекува процес Виена. Но, предвидувањата за тоа не се многу добри.
Престрелката по должината на линијата на фронтот е обновен во последниве недели. Москва вели дека ќе го исполни главниот услов од договорот од Минск – враќање на граничните контроли на границите на Украина, што и не изгледа сосема можно.
Во врска со Сирија, во јануари треба да започне третиот мировен процес под посредништво на ОН. Досега пропаднаа два преговори.
“Тврдината Русија”
Но, најважно за Русија во 2016 година можат да бидат од домашна природа.
Економската ситуација повикува на освестување.
Претседателот Путин тврди дека најлош дел од економската криза е окончан и укажува на жетва и поени да го соберат рекорд во производство на млеко, како доказ дека Русија веќе ја извлекува користа од “наоѓање замени за увезената стока” како резултат на санкциите на Западот, како и зголемување на инвестициите во земјоделството.
Но, и во други области на стопанството, ситуацијата е мрачна. Цените на суровата нафта опадна за две третини во споредба со 2014 година, а рубљата потона со нив.
Буџетот за оваа година е врз основа на цената на барел нафтата од 50 долари, кои можат да бидат претерани проценки.
Кога на тоа ќе ја додадете грижата на Кремљ за можен напад од екстремнистите на ИД на руска територија, се чини неизбежно дека 2016 година ќе биде година на “Тврдината Русија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.