| четврток, 6 декември 2018 |

Туран и Видал сепак ќе почекаат уште една недела за деби во дресот на Барселона

turan i vidal

Заврши суспензијата на шпанскиот гигант Барселона за регистрирање на нови фудбалери, но аквизициите кои дојдоа во летниот преоден рок, не можат да бидат регистрирани за денешниот градски дуел против Еспањол во Примера дивизион. Арда Туран и Алеш Видал ќе причекаат до следното коло за својот дебитантски настап во дресот на каталонскиот клуб. А причината е можеби и банална, канцеларијата на Примера не работи за викенди, па регистрацијата ќе мора да се изврши во понеделник.

Туран и Видал дојдоа на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок, но не можеа да играат официјални натпревари за Барселона. Тие мораа да се задоволат со тренинг – натпревари и со настапи за своите репрезентации во изминатите неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top