Германија во наредните години ќе отвори десетици илјади нови работни места, соопшти “Ди Велт“, а истото се очекува и во Шпанија и Италија, кои ќе имаат дефицит на работна сила.
Експерти очекуваат дека во Германија ќе бидат создадени над 150 илјади работни места, за Шпанија очекувањата се за 377.000 нови работни места, додека за Италија – 241 000.
ЕУ предвидува и дополнителни работни места во земјите како Португалија, Франција и Ирска.
Според аналитичарите само две земји од еврозоната ќе одбележат намалување на работните места – Финска и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


