Медиумите открија како старлетата победила во реално шоу и која е пејачката која лобирала за неа.
Старлетата Станија Добројевиќ не победила во шестата сезона на реалното шоу „Фарма“ затоа што била најдобра. Ниту пак затоа што била фаворит на публиката. Ниту пак затоа што многумина ја сметаа за нај атрактивна учесничка. Ниту затоа што Кристијан Голубовиќ зборуваше дека таа е „чиста, миризлива и школувана“.
Како што обелоденија Станија победила затоа што ја добила поддршката од Цеца Ражнатовиќ.
Имено на вечерта на финалето Цеца на својот профил на Инстаграм споделила фотографија на која покажала дека нејзината поддршка и е упатена токму на Станија. Во коментарот до споделената фотографија Цеца напишала :„Гласајте за нашата Станија“.
Очигледно публиката од регионот ја послушало турбо фолк мајката и ја донесе Станија до победа и првата награда од 50 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






