| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Хитлерова Германија е пример за успешно владеење

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Германија во времето на Адолф Хитлер имала ефикасен претседателски систем, објавија турските медиуми.

ердоган

Ердоган сака да го смени турскиот Устав со што церемонијалната титула претседател ќе стане извршна односно ќе воведе турска верзија на систем како што има во САД, во Франција или во Русија.

Турскиот претседател, вчера по враќањето од Саудиска Арабија, одговарајќи на новинарско прашање дали претседателскиот систем е можен со истовремено одржување на унитарната структура на државата, тој изјави:

– Веќе постојат примери за тоа во светот. Тоа можете да го видите и на примерот на хитлерова Германија. И потоа имало примери во многу други земји, истакна Ердоган.

Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) по победата на парламентарните избори во ноември најмногу внимание посвети на уставните промени.

Опозициските партии се согласуваат со потребата за промена на Уставот, кој е во сила по воениот удар од 1980 година, но не поддржуваат воведување на претседателски систем, стравувајќи дека тоа би било премногу моќ во рацете на еден авторитарен лидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top