Јаболковиот оцет има многу лековити својства со кои би можел да се прогласи за лек. Помеѓу останатото, со него можете да ги избелите и забите.
Овој оцет се добива со ферментација на јаболки, богат е со пектини и одличен за прочистување на устата и грлото. Ги убива бактериите, ги отстранува дамките од забите и го чисти каменот.
Како да го користите јаболковиот оцет за избелување на забите?
Ставете една супена лажица оцет во една голема чаша вода (2,5 дл) и промешајте. Секое утро, пред миење на забите, плакнете ја усната шуплина со растворот од оцет, а потоа исчеткајте со четка за заби. После тоа измијте ги забите со паста, како и обично.
Но многу важно е да внимавате да не направите многу силен раствор од пропишаниот бидејќи така можете да ги оштетите забите.
Секој пат пред плакнењето измешајте ја преостанатата течност во чашата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.