Светскиот економски раст во оваа година ќе биде разочарувачки, оценува шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.
Веројатно зголемувањето на каматите во САД и успорувањето на растот на кинеската економија придонесуваат за несигурност и зголемен ризик од ранливост на економиите ширум светот, пишува Лгард во текст објавен во германскиот весник Ханделсблат.
Освен тоа, растот на глобалната трговија значително е успорен, а падот на цените на сировините претставува проблем за стопанствата кои зависат од извоз на сировини.
Финансискиот сектор во многу држави и понатаму е слаб, а финансиските ризици на пазарите во развој растат, порачува таа.
– Тоа укажува дека глобалниот раст во 2016 година ќе биде разочарувачки и неизедначен, смета Лагард. Додава дека ниската продуктивност, стареењето на населението и последиците од глобалната финансиска криза го кочат растот што ослабува проценки на среден рок.
Лагард предупредува дека растот на каматите во САД и јакнењето на доларот, може да доведат фирми во ситуација да не може да плаќаат свои обврски, а тоа би можело лошо да инфицира банки и држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.