| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се подготвите за пиење и да го преживеете 1 јануари

1. Морате да ги знаете своите граници

Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но, добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со консумирањето алкохол и пробајте што помалку и побавно да пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлакот.

2. Немојте да пиете на празен желудник

Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно – убиствен мамурлак. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво јадете нешто. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи дејствувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави дејствувањето на пијанство.

3. Немојте да мешате алкохолни пијалаци

Мешањето различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид пијалак цела ноќ, наместо да пиете сѐ што ќе ви дојде при рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте сѐ што содржи меурчиња, како различни вина кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалаци.

4. Пијте вода

Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро дејствува на желудникот и го ублажува дејствувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и по пијанството.

5. Јадете

На забавата сигурно ќе има некоја храна, па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибира алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и кикиритки, пуканки или чипс.

Ако по лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените по целовечерната забава.

За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија. Како и да е, најверојатно дека во моментите на мамурлак секако добро ќе ви дојде каква и да е помош.

1. Течност

Како алкохолот го дехидрира телото, течностите секако се наоѓаат на прво место на списокот. Пиењето поголема количина вода и билни чаеви ќе ви помогне за ублажување на главоболките и другите непријатни симптоми. Веднаш по враќањето дома, испијте една чаша вода и избегнувајте ги апчињата како аспирин или ибупрофен затоа што би можеле да го оштетите црниот дроб. Бидејќи алкохолот го исцрпува организмот, во тој момент се советува земање витамини кои донекаде би го ублажиле дејството на мамурлакот наредниот ден.

2. Храна

Иако можеби ви се чини чудно, симптомите на мамурлак можат донекаде да се олеснат со избор на правилна исхрана. Штом се разбудите, јадете нешто лесно за појадок. Најдобар избор се овошјето или интегрален тост со малку мед. Тоа ќе ви помогне да ја вратите силите и да ги надоместите витамините, натриум, калиум и фруктозата кои сте ги загубиле поради консумирањето алкохол.

3. Детоксикација

Потребно е да се исфрлат насобраните токсини за што побрзо да се ослободите од мамурлакот. Затоа е важно добро да се испотите. Телесните вежби, најверојатно, ви се на последно место, но тие би можело да ви користат. Ако сепак не ви е до тоа, размислете за сауна.

4. Наспијте се

Пробајте да отспиете што е можно повеќе. Веќе наредниот ден ќе се чуствувате подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top