Северниот пол оваа седмица ми можел да стане потопол од поголемиот дел од Европа поради нискиот атмосферски притисок кој неодамна го предизвика торнадот во САД и врнежите во Велика Британија.
Тоа значи дека на Арктикот може да се забележат температури и до 35 степени повеќе отколку што е декемврискиот просек.
Компјутерските проекции за оваа седмица говорат за температури и до пет степени Целзиусови, додека вообичаената темпетарура за овој период од годината е минути 30 степени. Тоа значи дека Северниот пол ќе биде потопол од поголемиот дел од Северна Америка и Европа.
Иако варијациите во температурата на Арктикот кој овие денови се наоѓа во 24-часовен мрак, честа појава научниците сметаат дека споменетата разлика од 35 степени е многу голема.
– Ова е застрашувачка и исклучително ретка појава – изјави метеорологот Ерик Холтхаус.
неговиот колега Роберт Шриблер исто така смета дека последните мерења се исклучително високи и претставуваат можно соборување на рекордот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.