| четврток, 6 декември 2018 |

Обама е првиот претседател во посета на Северниот Пол

Барак Обама е првиот претседател на САД што бил на Северниот Пол. На третиот, последен ден од неговата посета на Алјаска, најсеверната американска сојузна држава, тој го посети арктичкиот град Коцебу, со цел да го сврти вниманието на климатските промени, пренесе МИА.

obamaa500

– Има едно нешто што ниту еден американски претседател не го направил до денес: да оди на Северениот Пол! Исклучително сум горд на тоа – изјави Обама пред илјада луѓе во Коцебу, град со околу 3.000 жители, кој се наоѓа на 50 километри од Северниот Пол.

Обама апелира за брзо дејствување во борбата со глобалното затоплување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top