На традиционалниот божикен концерт во Амстердам, во моментот кога Холандскиот национален оркестар почна да ја изведува композицијата на Густав Малер, диригентот го зеде микрофонот се сврте кон публиката и почна да проповеда ислам. Меѓу љубителите на сериозната музика, во салата беше и холандската кралица Беатрис, инаку редовен посетител на класичните концерти.
Кралицата беше поздравена од присутните со аплауз, а кога ситуацијата се стиши, диригентот го почна своето излагање.
– Се извинувам, зна дека можеби не е прикладно. Во име на Алах, најсочувствителниот и најмилстивиот, принуден сум ова да го направам. Испратив неколку барања, но ми беа одбиени…, рече диригентот.
Тој, потоа почна да рецитира делови од КУранот.
– Јас, Исус, сум слуга на Алах. Тој ми даде откровение и ме направи пророк. Ми даде благослов каде и да сум…
Додека диригентот рецитираше, музичарите почнаа да стануваат и да ја напуштаат бината исплашени.
– Овде сум да ве повикам… Ништо не се случува, нема бомба, останете на своите места, јас не сум лудак, им порача на музичарите кои се симнуваа од бината и продолжи:
– Јас сум слуга на Алах и ве повикувам да верувате. Затоа верувајте во Алах и поддржете го. Тоа е правилниот пат, заврши тој, а веднаш потоа стигна обезбедувањето кое го отстрани диригентот од бината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.