Поранешен припадник на морнарската пешадија на САД Винсент Емануел откри, дека додека бил на служба во Ирак, помагал да се создаде ДАЕШ, или познатата Исламска држава, пренесе Спутник.
Поранешниот војник се сеќава како неговите соброци им се обраќале на Ирачаните. Тој ги опишува ноќните рации, зборува за тоа како луѓето фаќале заробеници, им ги врзувале рацете, им ставале кеси на глава, ги носеле далеку од дома и не ги пуштале долго време.
Винсент смета дека за време на овие акции на САД во Ирак се појави и ДАЕШ.
– Ги опишав случките на чии сведок бев во Ирак за време на својот долгогодишен ангажман. Моите соборци убиваа невини, мачеа незаштитени цивили, им ги уништуваа имотите и масакрираа мртви тела. Тие со автомобилите поминуваа низ мртвите тела, се смееа и се фотографираа. Длабоко во себе сфатив: ова што го гледам не е во ред, не е морално, е неправедно и незаконско. Освен тоа, знаев дека не чекаат сериозни последици… И сега имаме ДАЕШ. Најважната работа која треба да ја сфатат граѓаните на САД и Западот е дека ние сме извор на ова насилство и хаос“, рекол Винсент за Раша тудеј.
Инаку ИД го прошири влијанието на голем дел од територијата на Блискиот исток, а се верува и дека контролираат делови од Северна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро