| четврток, 6 декември 2018 |

Кој не сака мудрост во 2016 нека не ја чита оваа приказна: ќе одберете да умрете или да се родите повторно?

Мудрата приказна за орелот која веќе со генерации се пренесува од колено на колено е стара речиси исто колку што е стара и оваа моќна птица.

mudra-prikazna-za-orelot-ke-odberete-da-umrete-ili-da-se-rodite-povtorno-01

Симболичното созревање на човекот најлесно ќе си го објасните само ако одвоите 2 минути.

Според оваа приказна, орелот живее речиси идентично колку човекот, но ако сака да ја доживее таа старост до 80 години, орелот мора да донесе тешка одлука – дали ќе го помине патот на болно умирање и повторно раѓање?

Кога ќе наполни 40 години, неговите долги и еластични канџи веќе не можат да го ловат пленот кој му служи како храна.

Неговиот долг и остар клун станува свиткан.

Неговите стари и тешки крила се прилепуваат за градите, заради што не може да лета.

Тогаш на орелот му преостануваат две опции – или да умре или да помине низ болниот процес на промени кои траат 150 дена.

Тој процес бара од орелот да стигне до врвот на планината и да седне во гнездото.

Таму орелот клука со клунот од каменот додека тој целосно не падне. Потоа чека да порасне нов.

Потоа со новиот клун ги клука старите канџи. Кога ќе израснат нови канџи, орелот почнува да ги кубе своите стари пердуви.

Само така по 5 месеци орелот повторно може да се вивне во лет и да живее уште 40 години.

Многу пати, за да преживееме мораме да го започнеме процесот на промени. Би требало да се ослободиме од некои сеќавања, лоши навики, лоша околина…

Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж можеме да ја искористиме сегашноста.

Да бевте орел, што ќе одберевте вие? Одговарајте внимателно!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top