| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на работниците во индустријата

работ

Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава е за 2,1 отсто поголем во однос на истиот месец од минатата година, а во првите десет месеци од годинава е повисок за 1,8 проценти во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот рударство и вадење  камен бележи опаѓање од 2,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија има пораст од 2,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 и капитални производи за 17,2 процента, додека опаѓање има кај трајни производи за широка потрошувачка за 2,2, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 и енергија за 2,6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top