Во вооружен напад на исламисти во туристичкото место во руската република Дагестан на Кавказ, едно лице е убиено, 11 се ранети, од кои пет лица се во тешка здравствена состојба.
Нападот се случил во момент кога дваесетина туристи биле на терасата на тврдината Нарин Кала. Според полицијата, напаѓачите пукале од блиската шума.
Претседателот на Дагестан, Рамазан Абдулатипов, изјавил дека напаѓачите би можело да се „локални бандити или екстремисти кои сакаат одмазда“.
Дагестан веќе подолго време се соочува со исламски бунт и чести насилни напади. Во текот на изминатата година, голем број лидери на бунтовнички групи од тој крај се вклучија кон Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.