| четврток, 6 декември 2018 |

Блатер: Сите ме напуштија, сега морам сам да се борам за својата чест

sep blater

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер вели дека се чувствува напуштен од поранешните соработници и од ФИФА која ја водел цели 17 години.

– Повеќе не се борам за ФИФА, затоа што тие ме напуштија. Лажните обвинувања на моја сметка ми дадоа нова сила, и од сега се борам само за себе и за својата чест – вели 79-годишниот Блатер.

Етичкиот одбор на ФИФА го суспендираше Блатер на осум години поради тоа што под сомнителни околности одобри исплата на два милиони швајцарски франци за претседателот на УЕФА, Мишел Платини во 2011 година.

Осумгодишна суспензија заработи и Платини кој беше главен кандидат за наследник на Блатер на чело на ФИФА. Нов претседател на ФИФА би требало да биде избран на вонреден Конгрес во февруари следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top