Претставата за деца „Волшебникот од Оз“ ќе биде прикажана денеска, 30 декември, со почеток во 17 часот во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“…
Претставата е мултимедијална, работена во современ стил, со многу музика, кореографија и актерска игра.
Во претставата играат Марија С.Илијеска, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Вандески, Илија Волчески, Михајло Миленкоски…
Музиката е на Душко Темелкоски, костимите на Раде Василев, а комплетниот дијзан е на браќата Владимир и Игор Ѓорѓијоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.