Поезијата на Никола Маџиров на италијански јазик се проектира во вид на светлина врз катедрали и плоштади во Венеција и на кинески јазик врз улиците во Шангај во Кина. Оваа година УНЕСКО ја прогласи за „Година на светлината“ и познатиот италијански уметник Марко Ренео Ротели избра стихови од осумдесетина песни од современи светски автори кои ги претвори во светлина и ги проектира во ноќите за време на Божик и на Нова година врз ѕидовите на историски градби во Венеција.
Ротели ги претворал во визуелна уметност и стиховите на венцоносците Адонис, Бонфоа и Сангвинети, а годинава преоктираните стихови се дел од антологија на современата светска поезија. Стихови на Маџиров се испишуваа врз улиците на Шангај, како и врз ѕидови, во вид на огромни мурали, во Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.