Вкупно 293 припадници и 15 бродови на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) се распоредија на грчките острови, со цел да ѝ помогнат на Атина во справувањето со приливот на илегални имигранти и бегалци од Турција.
Во соопштението на Фронтекс се наведува дека Мисијата се организра на барање на Грција, со напомена дека со текот на времето бројот на нејзините припадници ќе се зголеми на 400, заедно со дополнителна техничка опрема и бродови.
Како што јавуваат грчките медиуми, бројот на свои припадници што ги испрати Фронтекс во Грција во рамки на мисијата наречена „Посејдон“, е помал од цифрата што ја очекуваа властите во Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција