Како што пренесуваат регионалните медиуми Цеца Ражнатовиќ во последен момент го откажала концертот кој требаше да го одржи на 1 јануари во Белград. Причината за овој потег на Цеца како што тврдат добро инфромирани извори е тоа што се исплашила од Лепа Брена која на исто место ќе настапи за дочекот на Нова година.
Цеца наводно не можела да поднесе тоа што на 31 декември на концертот на нејзината колешка ќе дојде повеќе публика отколку утредента на нејзиниот настап, што е сосема логично бидејќи во новогодишната ноќ секогаш е поголем бројот на луѓето на градските концерти од што ги има на репризата на 1 јануари.
Цеца барала од организаторите на дочекот на Новата година во Белград да и најдат замена што тие и го сториле, па така во српската престолниа на 1 јануари ќе запее Харис Џиновиќ.
Во замена за овој концерт Цеца прифатила да пее за стара Нова година на плоштадот во Ниш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.