| четврток, 6 декември 2018 |

Европа на нишан на терористите: Евакуиран трговски центар во Швајцарија

Трговски центар во близина на Базел, Швајцарија денска бил евакуиран поради закана за поставена бомба, соопшти полицијата.

Анонимно лице се заканило дека ќе ја детонира бомбата во подземната гаража во шопинг-центарот Прателн, пренесува „Ројтерс“.

Мажот, кој се заканил со бомбата говорел на лош германски јазик. Полицијата го пребарала центарот со кучиња-трагачи, но до попладне не нашла експлозив.

„Ројтерс“ потсетува дека во поголем дел од Европа нивото на безбедноста е подигнато по терористичките напади во Париз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top