По барањето од страна на бранителите за укинување на мерката притвор и определување на гаранција за Зоран Верушевски, Кривичниот совет на Оделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска постапувајќи по предлозите и по прибавено мислење и предлог на Јавното обвинителство, прифати да излезат од притвор. Според одлуката, Верушевски добива забрана за напуштање на живеалиштето, односно градот Скопје. Исто така, на Верушевски со одлуката од Судот, ќе му биде одземена и патната исправа, за да не може да ја напушти државата.
– Советот, донесе одлука со која мерката притвор за обвинетите З.В. и Ѓ.Л. се укинува, а предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за прифаќање на предложената гаранција и определување мерки за претпазливост на обвинетите, се уважува, стои во соопштението од основниот Суд во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Талевски притвор, за Верушевски не мора – Катица повторно како ќе и се посака
-
За што да се фати криминалецот ако не за фустанот на побратимот
-
Заев заборави што лаже: Велеше дека не го познава Верушевски, а маршираше рамо до рамо со него
-
Заев за „Глобал“, Верушевски и Костовски за „Пуч“ не поднеле барање за прекин на аболицијата