Освен Балканскиот полуостров познат уште како Балкан во светот постои уште еден Балкан.
„Другиот“ Балкан е провинција во западен Туркменистан, која излегува на Каспиското Море. Нејзин главен град е Балканбат. Оваа провинција е позната по големите енергетски ресурси, од каде потекнува дури 94 отсто од производството на природен гас во Туркменистан.
Само името на провницијата доаѓа од истоимената планина што се наоѓа во неа, а тамошните жители веруваат дека и називот на „нашиот“ Балкан има исто потекло.
Имено, самиот назив „Балкан“ доаѓа од турскиот збор за планина и со тоа име била наречена денешната Стара Планина, која се протега низ централна Бугарија и делумно преминува во источна Србија.
– Името Балкан денес почесто се користи како политички, отколу како географски поим, кои ги означува земјите чии култури интезивно се испреплетиле со повеќевековната турска култура, политика и верски влијанија, стои во Википедија во објаснувањето на овој поим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.