Претходно лидерот на Туркменистан Сапармурат Нијазов во 1993 година воведе систем според кој секој граѓанин има право на бесплатни вода, гас и електрична енергија. Првично било предвидено тоа да трае десет години, но потоа беше продолжено до 2030 година.
Сепак, овие придобивки се ограничени до 35 киловати електрична енергија и 50 кубни метри гас по лице месечно, како и 250 литри вода дневно.
Според весникот, Бердимухамедов му наредил на заменик-премиерот задолжен за економија да ги “оцени предлозите за намалување на социјалните бенефиции”, додавајќи дека тоа ќе помогне тие да останат важеќки само за тие на кои навистина им се потребни.
Бердимухамедов е на власт од 2006 година, а во февруари беше повторно избран за претседател со повеќе од 98 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.