| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Филмски грабеж во САД

Темелно испланиран, грабежот почнал со киднапирање на двајца вработени во продавницата и со нивно држење во стан 60 километри одалечен од местото на претстојниот грабеж, соопштила полицијата вчера.

Четири или пет маскирани мажи со ракавици провалиле во станот во местото Меридиен во четвртокот, киднапирајќи ги и менаџерот на златарницата Линокс во Ферфилд и уште еден вработен, соопштила полицијата.

Вработените потоа под закана со оружје биле одвезени со автомобилот на менаџерот до златарницата.

Тие биле натерани да ја отклучат вратата и да ги внесат шифрите за да се отвори сефот.

Киднапираните вработени биле врзани и затворени во задниот дел на продавницата, а успеале да се ослободат дури вечерта кога ја повикале полицијата.

Од крадците нема ни гтрага, а автомобилот бил пронајден напуштен.

Полицијата смета дека крадците не се професионалци бидејќи ваквите грабежи обично траат неколку минути, а оваа траела со часови.

Ова е инаку трет грабеж во истата златарница за три години, соопштила полицијата, и додала дека според вредноста на пленот е една од најголемите на сите времиња во Ферфилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top