| четврток, 6 декември 2018 |

ДЛУМ: Да се обноват муралите во „Главна Пошта“

Да се обноват муралите од уметникот Борко Лазески кои настрадаа во пожарот што ја зафати скопската Пошта 1, побара Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Во обраќањето до медиумите, Друштвото издразува загриженост поради оштетувањето на фреските насликани во холот на главната пошта во Скопје и повикува откако ќе се направи проценка на оштетувањето, вредните мурали да бидат обновени.

Како што истакнуваат од ДЛУМ, станува збор за истакнат уметник, доајен и еден од основоположниците на асоцијацијата на ликовните уметници, а неговите мурали се врвно уметничко дело на ѕидното сликарство во Македонија.

Обновувањето на сликите, како што стои во соопштението, е реално изводливо, имајќи предвид дека оригиналните картони, скици и цртежи се сочувани од семејството на авторот. Со обновувањето на ова монументално дело, како што оценуваат, ќе се зачува едно од ретките уметнички дела од јавен карактер во земјава, кое со години комуницирало со публиката, што било заложба на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top