| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за велосипеди на финската граница

Finska-granicaФинска забрани влегување од Русија- на велосипед. Сега граничната линија може да се минува само со автомобили, пренесоа медиумите за одлуката на граничната полиција во Лапонија, најсеверниот фински регион.

Мерката се презема бидејќи се повеќе мигранти од Русија влегува на велосипеди, а ќе се применува само на два премини меѓу државите. Се соопштува и дека „возењето велосипеди зиме е опасно и за велосипедистите и за другите учесници во сообраќајот“.

Од почеток на годинава во Финска стигнале над 32,000 мигранти, најмногу од Ирак. Најмногу стигнале од Шведска, а од Русија- на велосипеди и пешки- стигнале околу 600 лица.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top