Финска забрани влегување од Русија- на велосипед. Сега граничната линија може да се минува само со автомобили, пренесоа медиумите за одлуката на граничната полиција во Лапонија, најсеверниот фински регион.
Мерката се презема бидејќи се повеќе мигранти од Русија влегува на велосипеди, а ќе се применува само на два премини меѓу државите. Се соопштува и дека „возењето велосипеди зиме е опасно и за велосипедистите и за другите учесници во сообраќајот“.
Од почеток на годинава во Финска стигнале над 32,000 мигранти, најмногу од Ирак. Најмногу стигнале од Шведска, а од Русија- на велосипеди и пешки- стигнале околу 600 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали