| четврток, 6 декември 2018 |

Британски предвидувања „Атентат врз Меркел, ќе горат џамии“

predviduvanje„Видовитиот“ Крег Хамилтон- Паркер, познат во Велика Британија, објави контроверзно видување за 2016 година. За дел од неговите гледања може да се рече дека може лесно да се претпостават, но за дел, проценете сами.

Тој и самиот наведува дека „предвидувањата не се нешто неизбежно“, како и дека „понекогаш греши“.

Еве дел од неговите предвидувања за 2016 година.

-ИСИС во Германија ќе се обиде да ја убие Ангела Меркел.

-Доналд Трамп ќе се повлече од претседателската трка, заради болест. Сепак, републиканците ќе слават со Буш наспроти Клинтон.

-Вознесот на десницата во Шпанија, Италија и Франција ќе доведат до големи немири на улиците, како и палење на џамиите.

-Ќе се докаже дека често користен адитив во храната предизвикува канцер

-Ќе се појават фотографии од севернокорејскиот лидер Ким Јонг- ун разголен, што ќе биде голем скандал

-Турција ќе ги нападне Курдите во Сирија

-Ќе се појави нов бран бегалци, од Украина и од Грузија

-Силни врнежи ќе ги „расипат“ Олимписките игри во Рио

-Ќе се оддржи референдум во ЕУ и дел од земјите ќе излезат од Унијата

-Против терористите ќе почне да се употребува нов вид на нанотехнологија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top